Кој плаќа за кралската венчавка?

0
548
loading...

Од избирање торта, до цветни декорации и музика, секој кој некогаш планирал свадба знае дека сѐ чини пари. Многу пари. Кога станува збор за кралска свадба, со сите ВИП гости, обезбедување и дополнителна екстравагантност, сметката добива уште неколку нули.

Што знаеме за трошоците за венчавката на британскиот принц Хари и Меган Маркл и колку тоа ги чинеше даночните обврзници на Велика Британија?

Трошоци за обезбедување

loading...

Кралската венчавка се одржа во замокот Виндзор, а над 100.000 луѓе се собраа на улиците да ја поздрават штотуку венчаната двојка во градот. На венчавката беа поканети 600 гости, а на приватната вечерна забава 200 најблиски роднини и пријатели.

Обезбедувањето на оваа маса луѓе бара многу планирање, а тоа значи многу пари. Службата за внатрешни работи не сакаше да коментира колку обезбедување ќе биде ангажирано и колку тоа ќе чини, како причина наведувајќи „безбедносни причини“.

Она што BBC го знае е дека лондонската полиција (даночните обврзници) потроши 6,35 милиони фунти за обезбедување на свадбата на принцот Вилијам со Кејт Мидлтон во 2011 година. Сепак е тешко да се направи споредба бидејќи местото на венчавката и бројот на луѓе не се исти.

Други трошоци

Кенсингтонската палата не објави детали за тоа колку пари планира да потроши на венчавката, а да не забораваме дека никогаш не беше соопштено колку чинеше венчавката на Вилијам и Кејт.

Агенцијата за планирање венчавки Bridebook.co.uk проценува дека вкупните трошоци за венчавкатаa би можело да изнесуваат 32 милиони фунти, вклучувајќи го обезбедувањето.

Тие ја проценуваат цената на тортата на 50.000 фунти, цветните аранжмани на 110.000 фунти, кетерингот на 286.000 фунти и така натаму.

Кој плаќа?

Трошоците за обезбедувањето ќе ги покријат британските даночни обврзници. Првично, полицијата на Тејмс Вели ќе ги апсорбира трошоците, но подоцна може да аплицира за специјален грант за финансирање од Службата за внатрешни работи за покривање на настанот и да бара повраток на дел од средствата

За остатокот од вкупната сума, Кралското семејство рече дека ќе плаќа за приватните елементи од свадбената прослава. Секоја година, Кралското семејство добива дел од парите од Годишниот суверен грант за кој плаќа директно Државната благајна.

Грантот се пресметува на процент од профитот на портфолиото на имотот на Кралската круна во кое спаѓа голем дел од лондонски Вест Енд. Годинава грантот тежеше 82 милиони фунти.

loading...