Кој е Армин Лашет, човекот кој би можел да ја наследи Ангела Меркел?

0
9


Армин Лашет денеска беше избран за лидер на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Германија. Германските медиуми го опишуваат како 59-годишен политичар лојален на долгогодишната канцеларка и сопартијка Ангела Меркел.

Од 2012 година Лашет, инаку правник по струка, е еден од петтемина потпретседатели на ЦДУ. Се изјаснува како католик, а по потекло е од рајнската област.  Тој е премиер на најбројната германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Се смета дека секогаш бил лојален партнер на партискиот претседател. Тоа се однесува и на Ангела Меркел, како и на нејзината наследничка Анегрет Крамп-Каренбауер, пишува Deutsche Welle.

Кога Меркел беше соочена со остри критики поради одлуката да овозможи влегување на стотина илјади мигранти и бегалци во Германија во 2015 година, Лашет ѝ остана верен политички партнер.

Себеси се нарече политичар кој се залага за умереност и избегнување екстремности. Порача дека не треба да им се врти грб на луѓето. Посветен е на Европската Унија и трансатлантската соработка. Се залага за посилен германско-француски ангажман и подобра соработка со САД во трговијата и климатската политика.

Се смета за политички ветеран.  Тој е избран за претседател на ЦДУ на онлајн конгрес, од 1.001 делегат доверба во вториот круг на гласање доби од 521 делегат.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here