Кој електричен автомобил најбрзо стигнува од 0 до 100 км/ч?

0
87


Електричните автомобили полека, но сигурно ги освојуваат пазарите, благодарние на забрзаното кревање на јавната свест за последиците од загадувањето на животната средина, како и намалувањето на природните ресурси.

Овие возила за еколошки освестените купувачи нудат еколошки безбеден начин на транспорт, но исто така пружаат врвно искуство во поглед на автомобилските перформанси.

http://kajgana.com/

Кога е во прашање брзината, има модели што се издвојуваат од понудата. На листата најбрзи електрични автомобили се најдоа модели на Tesla, Audi и Jaguar, а „најбавен“ меѓу нив е основната верзија на Tesla Model 3 што забрзува за 5,6 секунди од 0 до 100 км/ч.

http://kajgana.com/

Пред неа се Audi e-Tron SUV со 5,5 секунди, Model 3 Standard Range Plus со 5,3 секунди и Model 3 Long Range со 4,5 секунди.

http://kajgana.com/

Исто забрзување има и првиот електричен модел на Jaguar, SUV возилото I-Pace, а пред него е Model X Long Range кој од 0 до 100 км/ч стигнува за  4,4 секунди.

Доминацијата на Tesla ја потврдуваат Model S Long Range со 3,7, Model 3 Performance со 3,2 и Model X Performance со забрзување до „стотка“ за 2,7 секунди.

http://kajgana.com/

Шампион во забрзување меѓу електричните модели е Tesla Model S Performance – потребни му се само 2,4 секунди да стигне од 0 до 100 км/ч.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here