Неколку поголеми модни брендови ги открија своите колекции за пролет/лето 2020 година.
Оваа година ќе биде во знак со доминација на зелената боја.
Јакната и фустанот на Кристофер Кане е со детали од диво цвеќе и трева, фустаните на Dolce&Gabbana се со палми, а моделите носеа чевли и шешири инспирирани од тропско цвеќе.
Versace фустанот е со принт кој е инспириран од џунгла, додека фустаните на Valentino се со принтови од палмини лисја.
Зелената боја е доминантна боја од глава до пети.
Викторија Бекам покажа долги зелени фустани до под, Gucci долги џемпери кои наликуваат на вештачка трева.
Краток зелен фустан е главниот адут на дизајнерите на Balenciaga, Valentino, Regina Pyo, Marc Jacobs.
Популарноста на зелената боја расте веќе некое време, а многу познати личности се појавија на црвениот тепих облечени во зелено.
Зелената боја е симбол на обнова, а модните брендови ја избраа природата како инспирација.