• Дома
  • Свет
More

    Косовските Срби сами ќе формираат Заедница на српски општини доколку Приштина не го направи тоа за три недели

    На седница на претставници на Србите од Косово беше одлучено дека доколку Приштина не биде спремна во следните три недели да почне да работи на формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), српските општини и институции сами ќе почнат да ја формираат ЗСО, нејзините тела и институции.

    Политичките претставници на Србите истакнаа и дека бараат наредбодавците и извршителите на теророт врз граѓаните, претставниците на српскиот народ и претставниците на медиумите, на 26 март оваа година во Северна Митровица најитно да се процесираат и казнат, а министерот и директорот на полицијата да поднесат оставки поради нелегалниот напад на косовските специјалци.

    Тие побараа и меѓународните претставници на тие простори, пред сѐ КФОР и ЕУЛЕКС, да бидат повнимателни и да дејствуваат превентивно во случај на напади врз српскиот народ и неговите претставници во следниот период, бидејќи тоа е обврска од нивниот мандат.

    Тие додадоа дека за секое нарушување на мирот и загрозување на животите на сограѓаните ќе ги сметаат одговорни меѓународните институции.

    Recent Articles

    Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

    Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија...

    Ова се новите цени на горивата

    Регулаторна ги објави новите цени на горивата – цената на 95-октанскиот бензин се намалува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за...

    Заев: Легитимно е да се бара, но сега има поважни работи од избори

    Премерот Зоран Заев очекува на вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за...

    Обвинителството бара 12 години затвор за поранешниот албански прв полицаец

    Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Поради согласнот на судот за скратена судска постапка...

    Ce*c исповед на студентка од Белград

    “Се доселив во таа зграда на 19 години, кога започнав да студирам. Не помина многу, запознав неколку комшии и нешто се случи во тоалетот,...

    Related Stories

    Leave A Reply

    Please enter your comment!
    Please enter your name here

    Stay on op - Ge the daily news in your inbox