Корисни совети како да го облекувате бебето во зимскиот период

0
131


Многу родители се загрижени дали нивните бебиња и мали деца се доволно облечени во зимскиот период, односно дали им е топло и пријатно покрај ниските температури.

Студеното време не би требало да ве спречи со бебето да излезете барем еднаш во текот на денот, на свеж воздух. При тоа, треба да се погрижите да му биде топло.

Во текот на студеното време поефикасно е да го облечете детето во неколку слоеви облека, дополнително на бебето ќе му биде далеку потопло ако еден од тие слоеви е волнен.

Практични за прошетка се и зимските скафандери. На бебето ќе му ставите капа, дури и ако надвор е само свежо, бидејќи капата ќе му помогне да ја задржи телесната топлина. Кога е температурата под нула, капата би требало да ги прекрие ушињата на бебето.

http://kajgana.com/

Рацете треба да бидат заштитени со ракавици, нозете со чорапи и чизмички, а вратот со шалче.

Ако дува силен ветер или е многу студено, шалот може да го замотате околу лицето или лицето да го заштитите со платнена маска, но притоа треба да внимавате носето на бебето да биде откриено.

Ако паѓа снег или дожд, на количката ставете заштита која ем ќе го сочува детето суво, ем добро ќе ја задржи топлината. Но, дури и добро затоплено бебето не би требало предолго да престојува на отворено кога времето е многу студено.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here