Конечно слободни – осум правила кои Меган и Хари не мораат повеќе да ги почитуваат

0
110


Британското кралско семејство има многу правила кои членовите мора да ги почитуваат.

Иако некои на прв поглед можеби се застарени, членовите на кралското семејство би требало да ги почитуваат.

Но, за Хари и Меган тоа заврши. Овие 8 правила повеќе нема да мораат да ги почитуваат:

1. Не мораат да се држат стриктно до дрес кодот

Од членовите на кралското семејство се очекува да се облекуваат скромни и никогаш претерано лежерно. Но, Меган и Хари сега слободно може да носат облека која има се допаѓа, а може да се облечат и неформално за било која прилика.

2. Немаат обврска да патуваат со спакувана „црна комбинација“

Членовите на кралското семејство со себе на пат секогаш носат и црна облека во случај на изненадна смрт каде во тој момент ќе мора да присуствуваат на погреб. Ова е добра идеја и многу практична, сепак војводата и војвотката нема да мора да ја почитуваат.

3. Дозолено им е да потпишуваат автограми

Ниеден член од кралското семејство не треба да дава автограми или да прави селфи фотографии со фановите.

4. Не мораат дискретно да стануваат од маса

Ако член на кралското семејство мора на пример да оди до тоалет за време на јадењето, тој тоа не го прави пред сите на маса. Наместо тоа, само вели „извинете“ и се повлекува.

5. Може да ги прегрнат своите фанови

Како и кај автограмите и селфи фотографиите, кралскиот пар не би требало да ги прегрнува и бакнува своите фанови, пред се затоа што станува збор за нивна безбедност, а Меган повремено го кршеше ова правило.

6. Финансиски независни

Можеби една од најголемите промени во нивните животи е тоа што принцот Хари и неговата сопруга сега може да бидат финансиски независни. Можат да заработат сопствени приходи, затоа што нема да примаат средства од британските даночни обврзници.

7. Сега кога немаат титула е поопуштено с имињата

Праот ќе ја изгуби титулата „Ваше Кралско Височество“. Така сега ќе бидат само Меган и Хари.

8. Може да задржат подароци

Иако кралското семејство мора да го прифати секој подарок кој ќе го добие, кралицата Елизабета одлучува кој ќе ги задржи подароците. Но, ова повеќе не важи за Меган и Хари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here