Колку јајца можеме да консумираме дневно?

0
494
loading...

Експертите веќе со години не се согласуваат околу тоа колку јајца може да се консумираат во текот на еден ден и една недела. Некои тврдат дека тие го скратуваат животот поради високото ниво на холестерол кое го содржат, додека други укажуваат на богатството на хранливи материи во оваа храна.

Две јајца дневно

„Просечна личност без проблеми може да внесува две јајца дневно“, вели нутриционистката Кери Ганс.

Имено, истражувањата покажале дека лицата кои јаделе три јајца дневно додека биле на рестриктивна диета успеале да постигна значајни резултати во губење на килограми.

loading...

Жолчката содржи дури 90 отсто калциум, железо, фосфор, цинк, витамини Б6 И Б12 и панототенски киселини од вкупната количина во јајцето.

Уште една предност на јајцето е во високата содржина на протеини и тоа комплетни, кои ги содржат сите аминокиселини потребни за опстанок.

Колку холестерол содржат?

Исто така, тука се и витамини кои се раствораат во мастите, како А, Д И Е. За поголемиот број на луѓе, јајцата не претставуваат ризик за пораст на холестеролот во крвта или пак за срцеви заболувања, бидејќи содржат ниско ниво на заситени масти.

Сепак, лицата кои имаат дијабетес, висок холестерол или срцево заболување би требало да го ограничат внесувањето на јајца, бидејќи мораат да водат сметкa внесувањето на холестерол во текот на денот да не помине 200 милиграми.

Јајцата е најдобри да се јадат во оброк во кој се застапени и овошје и зеленчук.

loading...