Колку вода треба да пиете во текот на летото?

0
16


Телото губи повеќе течности во текот на летото, па затоа е важно да внесувате доволно вода. Меѓутоа колку вода треба да пиете во текот на летото?

Потребната количина на вода зависи од човек до човек, но за активните возрасни луѓе се препорачува да внесувате 2 до 4 литра дневно. Потребите можат да варираат со промена на надворешната температура.

На вашето тело му е потребно повеќе вода ако редовно вежбате. Многу е важно да ја надокнадите течноста која ќе ја изгубите на тренинг.

Се препорачува да пиете 2,7 литри вода дневно за жени и 3,7 литри за мажи.

Знаци дека ви треба вода

Бојата на урината ви открива дали би требало да пиете повеќе вода. Бојата на урината би требало да биде во светла боја, а ако е темна, тоа е знак дека ви треба вода. Уморот, сувата кожа, грчевите во мускулите, вртоглавицата се знаци за дехидрација.

Освен што може да испиете чаша вода, исто така може и да јадете намирници кои содржат голема количина на вода. Лубеницата е одличен избор бидејќи содржи голем процент на вода.

Освен лубеница може да јадете и краставици, целер, брокула и спанаќ.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here