Кои 4 улоги кои треба да ги активирате во себе за да бидете целосно креативни?

0
108


Дали сакате вашата креативност да ја подигнете на највисокото можно ниво? Не само да имате „луди“ идеи, туку и да ги реализирате и да создавате извонредни нешта?

Постојат четири различни улоги во кои треба да се „влезе“ за вашиот креативен процес да биде што е можно поефективен. Секоја од нив бара да играте различни карактери, со различен начин на размислување и вештини.

Тие улоги се: истражувач, уметник, судија и воин.


Научете како полесно да ја ослободувате вашата креативност и како да ги совладате вештините што секој од овие карактери ги бара.

1. Истражувачот

https://www.kafepauza.mk/

Идеите не „паѓаат од ведро небо“. За да ги добиете, прво треба да ги соберете потребните материјали: факти, концепти, искуства, знаење, чувства – од тоа се составени идеите. За да го добиете сето тоа, потребно е постојано да бидете љубопитни и да истражувате.

Истражувачот е секогаш во потрага по нови работи. Тој е релативно љубопитен и никогаш не се ограничува на одредена област. Имајте идеја како да ги поврзете точките. Но, прво и најважно, ви требаат многу точки кои треба да ги поврзете – потребно ви е „гориво“ за создавање нови идеи.

Како да го развиете истражувачот во вас?

Бидете љубопитни и будни. Ѕиркајте во непознатите области. Бидете како дете така што ќе му обратите внимание на светот и ќе бидете приемчиви кон него. Повторно откријте ја забавата при дознавањето на нештата.

Пробувајте што повеќе начини. Не ограничувајте се на веќе испробаното и на познатото. Прочитајте поразлични книги и изгледајте поразлични филмови од оние што ви се допаѓаат. Исто така, дознајте ги и информациите што „никогаш не би ги користеле“. Барајте различни области на знаење.

Разговарајте со многу различни луѓе. Запознајте се со многуте различни перспективи. Разговарајте со странци. Не ограничувајте се само на стручните совети.

2. Уметникот

https://www.kafepauza.mk/

Уметникот има идеи. Тој ги зема „суровините“ од истражувачот и ги комбинира на нови начини.

Кога луѓето велат дека некој е креативен, тоа обично се однесува на нечија уметничка страна. Уметникот ги стекнува идеите претежно преку испробување на нови нешта. Тој ја користи својата фантазија преку преуредување, вртење на работите наопаку, мешање на нештата. Тој применува различни пристапи и наоѓа неочекувани врски меѓу нештата. Разигран е и не се грижи за тоа што луѓето очекуваат од него.

Како да го развиете уметникот во вас?

Поставете ги „мускулите“ на вашата идеја. Запишувајте ги новите идеи додека ви надоаѓаат, тоа го стимулира вашиот мозок да генерира сè повеќе идеи. Исто така, користете методи за намерно создавање идеи: направете список со 100 нешта кои можат да прераснат во конкретна идеја, задајте си задача секој ден да „произведувате“ одреден број идеи или пак пробајте ја техниката „SCAMPER“.

Играјте! Сите знаеме дека најефективниот начин да создавате нови идеи е доколку притоа се забавувате. Никогаш не сфаќајте ги проблемите премногу сериозно. Забавувајте се и одржувајте го вашиот мозок свеж и подготвен.

Користете ја вашата имагинација. Оставете ја практичноста настрана, дозволете ѝ на вашата имагинација да „беснее“ и да визуелизира нови можности. Не плашете се да прашате „А, што ако…?“ бидејќи така ќе се расплетат новите реалности.

3. Судијата

https://www.kafepauza.mk/

Судијата прави сè за да „остане реален“. Неговата работа е да ги анализира лудите идеи на уметникот и да процени дали тие се практични во реалниот свет.

Судијата ги доведува во прашање претпоставките; тој споредува и решава. Проверува колку се изводливи идеите. Без разлика колку уметникот ги сака, судијата бара противаргументи, ја проверува евиденцијата и донесува одлуки. Комбинирајќи го чувството во стомакот и аналитичките алатки, судијата мора да ги одобри само изводливите идеи.

Судијата добива лоша репутација, но само заради тоа што луѓето обично го повикуваат премногу рано. „Убивањето“ на идеја со која уметникот уште не си поиграл е вистинска штета. Нејзиното уништување подоцна пак, честопати е неопходност.

Како да го развиете судијата во вас?

Развијте критичко размислување. Проверете ги вашите претпоставки, експериментирајте со хипотези, анализирајте ги резултатите и извлекувајте заклучоци. Бидете господар при донесувањето одлуки.

Бидете свесни за „стапиците“ при размислувањето. Вашиот ум може да ве измами. Бидете секогаш свесни за вашата пристрасност. Постојат повеќе начини на кои вашето размислување може да тргне наопаку.

Бидете реалистични. Дали идејата ќе ви возврати на посакуваниот начин? Дали имате доволно ресурси да се случи тоа? Дали сте подготвени да вложите доволно напор да се случи тоа? Бидете практични и приземјени.

4. Воинот

https://www.kafepauza.mk/

Штом имате идеја подготвена да биде реализирана, сфатете дека светот ќе се постави на тој начин за да ви помогне да добиете нова. Непријателите може да бидат надворешни: конкуренцијата може да биде жестока или луѓето можеби едноставно да не ги разбираат вашите добри идеи. Пострашни од надворешните се непријателите во вас: размислете за вашиот отпор, изговорите и стравот од неуспех.

Задачата на воинот е да се вложи во тоа идеите да се случат. За тоа не ви треба само стратегија и план за акција, туку и време да се изборите за нив.

Тоа значи да останете продуктивни, да развиете флексибилност и храброст да ги надминете пречките и се разбира, да бидете во можност да ги „продадете“ вашите идеи за да го материјализирате трудот.

Како да го развиете воинот во вас?

Надминете го отпорот. Кога создавате нешто ново, отпорот неминовно постои. Треба да пронајдете начини за надминување на одлагањето и да останете продуктивни секојдневно.

Бидете храбри. За да направите работите да се случат, треба да се ослободите од сомнежот и да го победите стравот од неуспех.

Пробајте да ја продадете вашата идеја. Дали вие сте единствените кои мислат дека таа идеја може да успее? Можете ли да ги убедите и другите дека се работи за добра идеја? Доколку не наоѓате истомисленици помеѓу луѓето кои би можеле да инвестираат во вас, веројатно и да заживее, таа идеја нема да трае долго.

Можеби сакате да ги дознаете и 10-те трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here