Кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група?

0
102


Луѓето со крвна група АБ многу често доживуваат болки во мускулите и во зглобовите, особено по интензивни кардио вежби, така што лесната физичка активност е идеална за нив. Луѓето со 0 крвна група сакаат интензивно вежбање, а погледнете кои вежби се идеални за вашата крвна група.

Крвна група 0

Вие веројатно сте спортска личност со силни раце и нозе. Вежбите со висок интензитет може да биде совршен избор за вас. Во споредба со другите крвни групи, вие сте најголемиот љубител на физичката активност и таа лесно станува ваша рутина – од тренинг во теретана до велосипедизам, пливање и трчање. Исто така, спортовите за коишто се потребни брзи движења, како што се фудбалот, кошарката, тенисот или хокејот, може да бидат идеални за вас.


Редовното вежбање е нешто на коешто треба да внимавате бидејќи по природа имате послаб крвоток. Без интензивно вежбање, вашето тело не добива доволно хранливи материи и кислород, така што доколку не сте активни, може да се чувствувате мрзоволно и летаргично. Колку повеќе вежбате, толку позадоволно ќе биде вашето тело. Вие сте свесни за тоа и вежбите ги користите за бегство од емоциите – вежбањето ви е важно во борбата против стресот и вознемиреноста.

Инаку, луѓето со оваа крвна група се склони кон промени во расположението и многу често стресно и тешко се справуваат со предизвиците во животот. За нив е најдобро да вежбаат наутро за да го започнат денот со повисоко ниво на хормонот на среќата, а со тоа да се намали нивото на кортизол (хормонот на стресот) во организмот.

Додека вежбате, вашиот мозок ослободува ендорфин, адреналин, серотонин и допамин. Овие хемиски соединенија прават да се чувствувате подобро, посреќно и позитивно.

Крвна група А

Вежбите со голем интензитет не се за вас. Наместо тоа, изберете вежби што ќе ви помогнат да се справите со стресот. Најидеални вежби за вас се оние што се релаксирачки и смирувачки затоа што е многу важно да постигнете хармонија помеѓу умот и телото. Вежбањето не е баш вашата силна страна и веројатно ќе се изморите многу побрзо од луѓето од која било друга крвна група.

Пешачете многу, барем 10.000 чекори на ден и изберете вежби со кои ќе ги активирате сите мускули. Редовното вежбање ќе придонесе за чудесни промени во организмот, вашиот метаболизам ќе се забрза, ќе бидете повеќе одморени, ќе имате подобра концентрација и ќе спиете подобро.

За вас е важно да уживате во вежбањето, па погрижете се тоа да биде така. Бидете активни надвор на сонце и на свеж воздух колку што е можно почесто бидејќи тоа ќе ве направи порелаксирани и ќе имате повеќе енергија.

Инаку, медитацијата, акупунктурата и масажата се одличен избор за луѓето од оваа крвна група.

Крвна група Б

Најдобрите вежби за вас се комбинација од вежби за сила и аеробни вежби. Кога станува збор за изборот на вежби, за вас се најдобри тимските спортови затоа што во нив се снаоѓате најдобро. За вас се добри и вежбите за релаксација како што се јогата или пилатесот.

Додека вежбате, треба да водите сметка и за дишењето бидејќи треба да внесувате колку што е можно повеќе кислород во вашето тело за да го намалите нивото на стрес. Исто така, имајте на ум дека имате послаб имунолошки систем од другите крвни групи.

Инаку, луѓето со крвна група Б се справуваат со стресот одлично затоа што се приспособуваат на новите ситуации, но може и да имаат покачено ниво на кортизол во организмот. Со редовното вежбање ќе го решите и тоа, но и ќе го зголемите нивото на ендорфин, што природно ја зголемува отпорноста на болка и го подобрува расположението.

Крвна група АБ

Дали често чувствувате болка во мускулите и во зглобовите, особено по интензивни кардио вежби? Ако е така, изберете умерено вежбање како пешачење, планинарење, голф или танцување.

Исто така, обично ги задржувате негативните емоции во себе, така што вежбите за релаксација како јогата и таи чи се исто така добри за вас бидејќи тие ќе го подобрат вашето расположение и нема да ги оптоварите мускулите и зглобовите. Комбинацијата од лесни аеробни и релаксирачки вежби е совршена за вас. На пример, правете аеробни вежби три дена во неделата и практикувајте јога или таи чи во останатите денови.

Вие, исто како и луѓето со крвна група Б, многу често сте под стрес, но знаете како да се справите со ваквите ситуации. Не заборавајте дека вежбањето игра клучна улога во борбата против негативните емоции и создава квалитетни врски помеѓу умот и телото. Вам ви е потребно секојдневно истегнување кое ќе ви помогне да ги намалите напнатоста и вознемиреноста.

Погледнете како да се храните во точно определено време и како за еден месец да изгубите многу килограми.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here