Кои животни спијат најдолго?

0
85


Постојат животни што спијат многу долго. Но, ниту едно од тие животни не може да се натпреварува со шампионот во спиење кој може да помине дури 3 години во сон.

Животни што спијат најдолго:

  • Мачката може да спие 11 до 12 часа
  • Верверичката може да спие до 13 часа
  • Хрчакот може да спие до 14 часа
  • Кралот на џунглата, лавот, одмора секој ден од 14 до 16 часа
  • Лемурот спие 16 часа
  • Опосумот може да спие 19 часа
  • Армадилото во просек спие 19 часа на ден
  • Мрзливецот спие 20 часа на ден
  • Коалата може да спие 20-22 часа на ден

Но, овие животни не можат да се споредуваат со шампионот во спиење.


Полжавите можат да спијат и до три години. Ако сакаат да преживеат, тие треба да останат влажни и со слуз.

Животот на полжавите зависи од влажноста, во спротивно можат да се исушат и да умрат. Но, полжавите спијат во текот на денот за да спречат губење на влажноста кога е жешко, а потоа јадат и се движат во текот на ноќта.

Меѓутоа, некои полжави можат да се закопаат под земја и да останат во состојба на хибернација. За разлика од повеќето животни што хибернираат, полжавите не се кријат само во текот на зимата.

Многу полжави можат да спијат (без храна) и до 3 години, а нормално спиењето трае до една недела. Полжавите просечно живеат 15 години, а еден период на хибернација претставува 20 проценти од нивниот живот.

Прочитајте ги и овие 15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here