Коалицијата против Исламска држава ги суспендира воените операции во Ирак

0
107


Меѓународната коалиција за борба против Исламската држава, која е предводена од САД, денеска соопшти дека ги суспендира сите воени активности во Ирак за да се фокусира врз заштитата на својот персонал, јави DPA.

Овој потег, наведува агенцијата, е повлечен откако Иран ги изведе ракетните напади врз ирачките воени бази во кои се стационирани американски војници, во знак на одмазда за минатонеделното убиство во Багдад на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

„Глобалната коалиција против ДАЕШ во моментов ги прекинува воените активности во Ирак за да се фокусира врз заштитата на ирачките бази што се домаќини на персоналот на коалицијата“, наведува воената алијанса на својот профил на Twitter, користејќи го притоа арапскиот акроним за Исламската држава.

„Активностите што се прекинати вклучуваат обука со партнери и поддршка на нивните операции против ДАЕШ“, додаде коалицијата.

Воената коалиција, сепак, наведе дека другите активности продолжуваат „нормално, вклучувајќи ја и борбата против штетната пропаганда на ДАЕШ, стабилизирање и нарушување на нивните финансии“, пренесе DPA.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here