Клоп се извини на преведувачот: Навистина ми е жал, не беше фер

0
138


Ливерпул прослави победа во групната фаза на Лигата на шампиони против Салцбург, со 2:0 и така од првото место од групата Е мина во осминафиналето.

Но, еден инцидент предизвика внимание во јавноста, а е поврзан со Јирген Клоп кој му се налути на преведувач затоа што не ја преведе добро изјавата на капитенот Џордан Хендерсен.

По натпреварот Германецот беше подобро расположен, сфати дека не реагирал на најдобриот начин.

„Сакам да се извинам за вчера. Знам дека не беше фер. Посебно затоа што се случи во јавност. Беше многу глупаво. Не сум задоволен од начинот на кој мојот одговор е преведен, но начинот на се обратив е глупав. Требаше подобро да постапам и навистина ми е жал“, изјави Клоп.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here