Клоп: Преморени сме, но вредеше

0
125


Јирген Клоп на Ливерпул му донесе и титула светски шампион откако синоќа во Катар на продолженија го совладаа јужноамериканскиот шампион Фламенгу.

Згуснатиот распоред сезонава му направи големи проблеми на тимот од „Енфилд“, но засега „Црвените“ добро се држат.

„Преморени сме од прилично интензивниот натпревар. Беше неверојатно, навистина тежок натпревар против добар противник. Направивме многу добри работи, многу убави фудбалски моменти“, рече Клоп.

Откако во регуларниот дел немаше голови, на Фламенгу му пресуди Бразилецот Роберту Фирмину со голот во 99-тата минута.

http://kajgana.com/

„Не сакаме да ни се потребни доцните голови, но ни требаа и беа важни. Момците се подобрија многу изминативе месеци и кога почнуваш да веруваш, веруваш во сите 90 минути или во случајов во 120 минути“.

И во полуфиналниот натпревар против Монтереј избраниците на Клоп дојдоа до победа со доцен гол, тогаш во судиското надополнување исто така преку Фирмину.

„Мислам дека ја заслуживме победата, ние бевме подобри. Пред натпреварот реков дека не знам како би се чувствувал, но сега можам да кажам дека чувството е фантастично. Премногу сум горд на момците“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here