Клаудио Маркизио ќе се пензионира на 33 години

0
64


Италијанските медиуми шпекулираат дека Клаудио Маркизио, еден од легендарните играчи на Јувентус, ќе соопшти крај на кариерата.

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и италијански репрезентативец ќе се пензионира на 33 години, објави La Gazzetta dello Sport

Маркизио има повредата на коленото која го мачи подолго време и поради тоа го напушти Зенит во август годинава.

http://kajgana.com/

За утре е закажана прес-конференција на стадионот на Јуве во Торино каде најверојатно ќе објави дека престанува со активно играње фудбал.

Маркизио имаше понуди од Глазгов Ренџерс и од Монако, како и од бразилски и кинески клубови.

http://kajgana.com/

Италијанските медиуми исто така предвидуваат дека Маркизио ќе добие некаква административна функција во Јувентус, каде помина 12 години, сметајќи ги и младите категории.

За италијанската фудбалска селекција настапи на 55 меча, постигна 5 гола, а со „Азурите“ освои сребро на ЕП 2012.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here