Кинезите дезинфицираат цели градови во борбата со корона вирусот

0
101


Кинеските градови почнаа на нови начин да се борат со ширењето на корона вирусот, еден од нив е и дезинфекција на градовите.

Државната новинска агенција Xinhua објави видео на Twitter на кое се гледа како десетици камиони во колона во градот Луојанг распрснуваат дезинфекциски спреј и на тој начин помагаат во спречување на ширењето на корона вирусот.

Објавено е и видео од дезинфекциски тунел во Шангај. Жителите на овој град минуваат низ тунелот во кој исто така има спреј. Со минувањето низ тунелот се убиваат 99% од вирусите и тоа за 20 секунди.

Бројот на починати од новиот вирус во Кина се зголеми на 1.016 лица, соопшти кинеската Здравствена комисија. Во земјата вчера од корона вирусот починаа 108 луѓе, што е најсмртоносниот ден досега. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here