Севернокорејскиот Врховен лидер со коњ ја искачи највисоката планина во земјата, а единствената новинска агенција во земјата се пофали со фотки од подвигот.
Како што пренесува KCNA (조선중앙통신), Ким Џонг Ун величествено јавал на мистичната планина заедно со луѓе од Централниот комитет на Работничката партија на Кореа.
Планината Паекту се наоѓа на границата помеѓу Северна Кореја и Кина каде што е позната под името Чанбаи. Највисокиот врв е 2.744 метри, а токму на него се искачи големиот Ким.
„На планината Паекту, која е извор на бескрајната кореанска моќ, каде револуционерни чекори водат кон чудесни и неверојатни херојски митови, се сумираат резултатите и се коваат нови тактики“, стои во соопштението на KCNA.
Ова не е прво искачување ан Ким Џонг Ун на оваа планира, а обично секогаш го правел тоа кога требало да собере сила за да направи некој потфат. Еднаш сури и се искачи заедно со претседателот на „непријателот“ Јужна Кореја, Мун Џе-ин.