Киксна и Наполи, Аталанта ја наполни мрежата на Удинезе

0
103


По вчерашните киксови на Јувентус и Интер, денеска разочара и Наполи кој одигра нерешено кај СПАЛ, додека Аталанта до врв ја наполни мрежата ан Удинезе.

Наполитанците пропуштија шанса да се доближат до врвот откако не успеаја да ги освојат трите бода на гостувањето во Ферара. Иако Аркадиуш Милик уште во 9-тата минута најави победа, само седум минути подоцна СПАЛ израмни преку Јасмин Куртиќ. До крајот никој не успеа да постигне победнички гол па натпреварот заврши со поделба на бодовите. Наполи остана 4-ти со 6 бодови помалку од лидерот Јувентус.

Третопласираната Аталанта е единствениот тим од водечките четири кој колово успеа да победи. И не само што победи, туку со 7:1 го понижи Удинезе. Гостите од Удине прво поведоа во 12-тата минута преку Стефано Окака, израмни Јосип Иличиќ, а се чини клучниот момент беше црвениот на Николас Опоку и пеналот кој го реализираше Луис Муриел.

Иличиќ постигна уште еден гол, Муриел уште два, а по еднаш погодија и Марио Пашалиќ и Амад Траоре за голема победа. Нашиот Илија Несторовски остана на гостинската клупа.

Торино и Каљари ги поделија бодовите играјќи 1:1 со головите на Симоне Ѕаѕа за домаќините и претходно на Наитан Нандес за гостите.

Болоња ја забележа првата победа после пет натпревари откако на домашен терен ја совлада последнопласираната Сампдорија. Родриго Паласио и Матија Бани беа творци на победата на тимот на Синиша Михајловиќ, додека за гостите погоди Маноло Габјадини.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here