Кевин Спејси се врати во центар на вниманието со бизарно божиќно видео

0
110


Актерот Кевин Спејси повторно се врати во центар на вниманието на јавноста, откако подолго време го немаше по обвиненијата за недолично сексуално однесување.

Во бизарното божиќно видео што вчера беше објавено на неговиот YouTube канал, Спејси се појавува како ликот кој го играше во серијата „House of Cards“, Френк Андервуд, кој беше убиен во серијата откако на актерот му беше врачен отказ поради скандалот.

„Сигурно не мислевте дека ќе ја пропуштам приликата да ви посакам среќен Божиќ, нели?“, вели Спејси на почетокот на видеото седнат покрај камин, облечен во празничен џемпер.

„Ова беше прилично добра година и благодарен сум што оздравев, па понесен од тоа донесов некои одлуки во животот и би сакал да ве поканам да ми се придружите“, продолжува Спејси пред да каже која му е желбата за новата година.

„Пред да влеземе во 2020, сакам да го дадам својот глас за повеќе добрина на овој свет. Да, знам што помислувате: ‘Дали е сериозен?’ Мртов сериозен сум и не е толку тешко, верувајте ми.“

„Следен пат кога некој ќе направи нешто што не ви се допаѓа вие би можеле да го нападнете, но исто така би можеле да се воздржите и да постапите сосема неочекувано – сотрете ги со добрина“, предлага Спејси во видеото што завршува со морничава музика како од хорор филм и крупен кадар како го расчепкува огнот во каминот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here