Кајли Миног во спот од 15 милиони долари за привлекување туристи во Австралија

0
123


Австралиската поп ѕвезда Кајли Миног има главна улога во новиот промотивен спот на владата во нејзината родна земја за привлекување туристи.

Во видеото за песната насловена „Matesong“ покрај Миног се појавуваат и комичарот Адам Хилс, тенисерката Ешли Барти и крикет играчот Шејн Варн.

Целта на песната и видеото е да ги повикаат странците, а особено Британците, да ја посетат земјата и да ги видат сите нејзини убавини.

Рекламата наводно чинела 15 милиони австралиски долари (околу 10 милиони евра), а австралиската влада смета дека ова е одлична инвестиција што ќе резултира со зголемен туризам и зајакнување на стопанството.

Сепак, спотот наиде на остри критики од граѓаните на социјалните мрежи за кои спотот е невкусен и прескап, особено во време кога земјата не може да се справи со разорните и смртоносни пожари.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here