[КАЈГАНА препорака] Денеска има седум премиери, една од нив е новата серија на Џенифер Анистон

0
101


„The Morning Show“ е една од сериите што треба да почнете да ги гледате од денеска, 1 ноември.

Премиери денеска исто така ќе имаат „See“, „For All Mankind“ и „Helpsters“, а следуваат и новите сезони од серии кои веќе ги сакаме и чекаме.

Очекувањата за „The Morning Show“ се огромни и тоа поради неколку причини. Покрај тоа што три големи холивудски имиња ги играат главните улоги, со оваа серија Apple TV+ прави огромен бизнис потег.

Првиот трејлер за серијата потврди дека главните улоги ќе ги играат Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Карел.

Трите холивудски ѕвезди ги играат ликовите на ТВ-водители во серијата што ќе биде достапна за корисниците на стриминг платформата есенва.

Apple очигледо многу верува во овој скап проект, а доказ за тоа е фактот дека веќе се договорени две сезони.

Анистон и Карел во серијата ги играат водителите и брачни другари Карен и Мич, а Витерспун е Бејли, нивната колешка и најголема конкуренција.

За Џенифер Анистон оваа серија е нејзиното големо враќање во светот на телевизијата.

Иако се појави на кратко во серијата на Бен Стилер „Burning Love“ во 2012 година, нејзина најголема ТВ-улога сепак е ликот на Рејчел Грин во мегапопуларната серија „Friends“ што е емитуваше од 1994 до 2004 година.

Витерспун, пак, има многу посвежо телевизиско искуство – серијата „Big Little Lies“ што ја продуцираше за HBO постигна глобален успех со две снимени сезони. Витерспун и Анистон исто така се продуцентки на „The Morning Show“.

Што друго да гледате денеска?

See: Season 1 (2019)  AppleTV+

For All Mankind: Season 1 (2019)  AppleTV+

Snoopy in Space: Season 1 (2019)  AppleTV+

Dickinson, AppleTV+

Helpsters: Season 1 (2019) AppleTV+

Ghostwriter, AppleTV+

The Elephant Queen (2019)  AppleTV+

American Son (2019)  Netflix

The King (2019)  Netflix

Atypical: Season 3 (2019) Netflix

Hache: Season 1 (2018) Netflix

Fire in Paradise (2019) Netflix

Holiday in the Wild (2019) Netflix

The Man without Gravity (L’uomo senza gravità) (2019) Netflix

Queer Eye: We’re in Japan!: Season 1 (2019)  Netflix





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here