Карираното е повторно во мода: Идеи за совршен стајлинг

0
103


Оваа сезона карираниот дезен се врати во мода и освои многу дами. Овој принт ќе го направи секој аутфит попривлечен и позабавен. Затоа, на овој тренд тешко ќе му одолеете. Љубителите на модата го пречекаа со воодушевување и подготвени се да го комбинираат во своите секојдневни комбинации. Погледнете неколку предлози како да го носите карираното.

Карираниот мантил ќе ја освежи секоја комбинација и ќе ѝ даде интересна нота. Носете бело од глава до пети и на оваа комбинација додајте ѝ мантил со ваков дезен. За еден момент ќе добиете одличен аутфит.

Фустан на прерамки во комбинација со ролка изгледа одлично.

Карираните фустани и чизми се ненадминлива класика која освојува. Со овој принт одлично се комбинираат високи чизми или бајкерки. Ако на сето тоа додадете и бунда, ќе добиете стајлинг од кој не би се засрамиле ни најдобрите модни критичари.

Карираниот елек е одличен избор. Оваа блогерка е вистински пример за фантастично вклопување на овој тренд.

Оваа сезона сите полудеа по сакото, па ако е дури и карирано, на вашата комбинација никој нема да може да ѝ најде забелешка. Фармерките и карираното сако се фантастичен избор за поопуштени пригоди.

Погледнете и како да ги комбинирате плетените фустани оваа есен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here