Како ќе изгледа водењето љубов во 2021 година?

0
4


Пандемијата, карантинот, изолацијата – сето тоа придонесе за драстична промена на нашите животи, а тоа важи и за сексот. Само што влеговме во 2021 година, па интересно е да се види што велат експертите за тоа како ќе изгледа сексот во новата година и што ќе се промени.

Експертот за секс Тиоми Морган посочува 3 трендови кои ќе бидат најзначајни:


Мастурбација

„Карантинот и инсистирањето на физичко и социјално дистанцирање ги натера луѓето да уживаат `во свои раце’, буквално. Мастурбацијата е најбезбеден начин да се задоволите, особено ако треба да се дистанцирате од вашиот партнер“, наведува Морган. „За жените е многу важно што на овој начин го решаваат проблемот со постигнувањето оргазам за време на класичниот секс со пенетрација. Оргазмот го подобрува здравјето на многу начини, од зајакнување на имунитетот до производство на хормони на среќа. Затоа, мастурбацијата е многу важна.“

Сексуални играчки

„Верувам дека луѓето ќе купуваат сексуални играчки оваа година повеќе од кога било досега. Многу парови се одделени едни од други поради вирусот, а жените кои претходно се потпираа на својот партнер, кој е задолжен да им обезбеди задоволство, сега ќе се обидат сами да се грижат за сопственото сексуално задоволство“, убедена е Тиоми.

Виртуелен секс

„Потребата од збогатување на сексуалниот живот и проширување на знаењето, како и сите ограничувања наметнати од пандемијата, принудија огромен број луѓе да се свртат кон Интернетот и виртуелниот секс. Сè повеќе луѓе ќе се свртат кон дигиталниот секс со своите партнери и ќе се обидат да го збогатат својот сексуален живот на тој начин. Едноставно, партнерите треба да се навикнат на новото нормално“, заклучува Морган.

Прочитајте кои знаци откриваат дека не уживате во сексот со вашиот партнер.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here