Како САД ја победија Русија во трката за вселената?

0
13


Состојбата на теренот за истражување на Вселената се менува.

Поделеноста меѓу САД и Русија од времето на Студената Војна е одамна минато. Сега има други играчи на теренот. Кина, Индија, Јапонија и Израел имаат ракетни програми и можат да лансираат сателити, а и Бразил напорно се обидува да го стори тоа.

Дали истражувањето на вселената е првенствено од политичка или научна природа, или пак се работи за нешто што може да биде корисно во комерцијални цели? Се наоѓаме ли на почетокот на нова вселенска ера?

Истражувањата на вселената вклучуваат употреба на астрономија и вселенска технологија за да се истражи поблиската и подалечната вселена.

Вселенското истражување често се користи како замена на конкурентноста на геополитичките соперници, како што беше Студената војна. Раната ера на вселенското истражување се случило поради „Трката за вселената“ (Space race) помеѓу Советскиот сојуз и Соединетите Американски Држави (САД), а често како граници за периодот се земени лансирањето на првото летало направено од човекот за кружење околу земјата, Советскиот Спутник 1 на 4 октомври 1957 година, како и првото спуштање на Месечината од страна на американското вселенско летало Аполо 11 на 20 јули 1969 година. Советската вселенска програма достигна многу од првите важни настани, вклучувајќи го и првото живо суштество во 1957 година, првиот лет на човек во вселената Јуриј Гагарин Восток 1 во 1961 година, првата вселенска прошетка на Алексеј Леонов во 1965 година, првото автоматско слетување на друго небесно тело во 1966 година и лансирање на првата вселенска станица Саљут 1 во 1971 година.

По првите 20 години од истражувањата лансирањата биле вршени со ракети и друга опрема која се користела само еднаш. Главното преместување во овој контекст претставува американската шатл програма и советската вселенска станица Мир. Од 90-те години на минатиот век понатаму започна да се промовира вселенскиот туризам, како и приватните вселенски истражувања на Месечината.

Factnomenal се позанимаваа со прашањето како САД сепак ја победија Русија во трката за вселената?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here