Како изгледа најдолгото патување со воз на Земјата?

0
117


Ако некогаш сте се запрашале како изгледа најголгото можно патување со воз на планетава, го имаме одговорот. Од Португалија до Виетнам!

Единаесет држави, осум временски зони, 17.005 километри за 327 часа. Ви фаќа око? Теоретски, вакво патување е изводливо. Ви треба само време, пари, неколку визи и огромна желба за пат.

Авантурата почнува во Португалија од каде преку Шпанија, Франција, Белгија, Германија, Полска и Белорусија се стигнува до Русија.

http://kajgana.com/

Во најголемата земја на светот по површина следува и најдолгиот пат по километража. Кога ќе се помине Русија, преку Монголија се влегува во Кина, а оттаму во Виетнам, последната дестинација.

Од почетната точка, Порто, патешествието почнува со Eurorails сѐ до Варшава каде се фаќа воз за Москва. Во руската престолнина се качувате на Транссибирската железница и преку Перм, Екатеринбург, Омск, Новосибирск и Краснојарск стигнувате до Улан-Уде каде е потребен нов трансфер.

http://kajgana.com/

Во овој град близу границата со Монголија, се префрлате на Трансмонголската железница која за шест ноќи ќе ве однесе до Пекинг.

Од кинескиот главен град се фаќа воз за Ханој кој патува преку Ченчу, Гуилин и Нанин. Во Ханој се прави последниот трансфер, за крајната дестинација, градот Хо Ши Мин до кој се патува 33 часа.

http://kajgana.com/

Почнавте од португалските брегови на Атлатскиот Океан, а завршивте на виетнамските брегови од Јужнокинеското Море. Ја поминавте најдолгата можна железничка рута од Евроазискиот континент.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here