Како до здрава и мека кожа во зима?

0
97


Студеното време нема добро влијание за вашата кожа, па затоа во зимските месеци се препорачува дополнителна нега и хидратација. Начинот на кој го сушите лицето по миењето може да биде главна причина за сува кожа.

Откако ќе го измиете лицето, треба нежно да го избришете со лице за да не ја исушите кожата. На тој начин ќе ја задржите влажноста на лицето.

За беспрекорен и здрав изглед на вашата кожа, важна е и храната што ја внесувате во организмот.

Се препорачува секој ден да ви започнува со чаша топла вода со исцеден лимон. Тоа ќе го детоксицира телото и ќе поттикне подобра работа на метаболизмот. Исто така, во салатите употребувајте лимон наместо оцет.

Сладок компир

Слаткиот компир содржи бета каротин и витамини А и Ц – комбинација која има одлично дејство за кожата и ја прави мазна и здрава.

Бадеми

Веројатно сте слушнале дека бадемите се здрави, но дали знаевте дека се храна која е корисна и за убавината на лицето? Богати се со витамин Е и ја штитат кожата од лошото влијание на УВ зрачењето, ја хидратираат и ја хранат одвнатре.

https://kajgana.com/

Неопходно е да ја надокнадите влажноста на кожата со користење на креми коишто се направени од природни состојки. Се препорачува да нанесувате крема неколку пати во текот на денот – задолжително откако ќе го измиете лицето и најмалку половина час пред да излезете надвор на студеното време.

Екстра совети

Не користете јаки средства за отстранување на шминка

Бирајте лосиони кои не содржат алкохол

Мијте го лицете со сапун од природни состојки

Правете природни маски за лице.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here