Како да ја одржите возбудата во животот и покрај последиците од пандемијата?

0
3


Кога го доживеавме првиот карантин пред една година, повеќето од нас се надеваа дека ќе се вратат на „старата нормала“ за неколку месеци.

Една година подоцна, сè повеќе сме несигурни дека ќе имаме нормално лето. Многу луѓе признаваат дека чувството на изгубеност им се вовлече под кожата и дека секој ден е копија од претходниот. Но, иако е многу тешко да се биде оптимист во оваа ситуација, постојат начини на кои можете да ја вратите возбудата во вашиот живот. Имено, експертите велат дека умереното фантазирање за нормална (или барем понормална) иднина носи позитивни промени во животот. Со оглед на тоа што мерките полека се олеснуваат, во моментите на страв и неизвесност, замислете се во блиска иднина во порелаксирани и повесели сценарија.


На пример, замислете се на забава на отворено или на мал концерт. Дека фантазирањето за убави работи е добро, покажува и едно научно истражување од 2011 година, кое открило дека фантазирањето носи поголема продуктивност, подобри резултати и мир во животот на поединците. Овие фантазии не треба да бидат нереални затоа што мора да бидете свесни дека никој не знае што ве чека во иднина. Но, грижите, стравовите и црните предвидувања можат да имаат несакани последици по нашето ментално здравје. Затоа, ако сакате да се оддалечите од црните мисли, од стравот од неизвесност и да се справите со досадата, фантазирајте за иднина каде што сè ќе биде полесно. Исто така, експертите забележуваат дека сега е вистинското време да се фокусирате на:

  • Благодарноста за сите работи што ги имате, како што се работата, пријателите, семејството и сите оние ситници што ви го разубавуваат денот.
  • Креативноста за која сега имате повеќе време од кога било досега. Без разлика дали сте или не сте уметнички тип, пишувајте, цртајте, фотографирајте и слично.
  • Инспирирањето на другите луѓе. Секогаш можете да побарате инспирација на Интернет и на социјалните мрежи и со помош на туѓи креации, направете свои.
  • Физичката активност и вежбањето што сега можете да правите и во теретана. Исто така, не заборавајте за сите придобивки од пешачењето и престојот во природа.

Прочитајте што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here