Како да се мотивирате за тренинг по работа?

0
103
Fit woman holding gym bag in a fitness centre. Beautiful blonde woman ready to start her training. Portrait of energetic woman looking at camera ready for new inscription at the gym.
loading...

На повеќето луѓе не им паѓа на памет да вежбаат по осум часа поминати на работа и повеќе би сакале да завршиме во кревет или фотелја, отколку на справа за вежбање во теретана.

Но, ако сте одлучни да ги исполните вашите фитнес цели и со тоа да си го подобрите целокупното здравје, имајте на ум дека вежбањето после работа не само што ќе ви даде енергија за остатокот од денот, туку и ќе ви заштеди време. Ова се шест трикови со кои ќе се мотивирате да вежбате откако ќе завршите со работното време.

Инспиративни пораки во канцеларија

На работното биро, на позадината на компјутерот или телефонот ставете си мотивирачки пораки како „keep calm and do your workout“, „подобро се чувствувам кога вежбам“ и слично, вели фитнес инструкторката Леана Шир од Њујорк.

loading...

Ставете го тренингот во вашиот дневен/неделен план

Уште сега ставете ги термините за вежбање во вашиот распоред и тоа со целосен план што планирате да вежбате. Тоа ќе ве мотивира да не отстапувате од планот и навремено да ги остварите вашите фитнес цели. Исто така, знаете колку е добро чувството да пречкртате завршена обврска од работниот распоред. Зошто тоа да не важи и за вежбањето?

Понесете ја опремата за вежбање со себе

Вечерта пред спиење погответе ја вашата опрема за вежбање и понесете ја со вас на работа. Така ќе бидете мотивирани и ќе немате изговор дека треба да се враќате до дома.

Вежбајте во група

Вежбањето во група е одлична мотивација за тренинг. Самата помисла дека некој ве очекува да вежбате заедно и чувството на одговорност кон групата ќе ве поттикнат да станете и да тргнете кон теретаната, а после тоа сѐ е лесно.

Потрудете се да најдете теретана блиску до работното место или до дома

Ова е многу логична одлука – зошто да губите време или да се убедувате дали да тргнете до другиот крај на градот, кога може да вежбате во теретана што ви блиску до дома или до работа.

Не се откажувајте!

Ова можеби звучи многу наивно, но најголема мотивација за вежбање сепак сте самите вие. Гордејте се со вашите напредувања и резултати и пофалете се за добро завршената работа. Вие сте си најголема поддршка, па секој ден повторувајте си – не се откажувај!

loading...