Како да се заштитите од корона вирусот при патувања?

0
100


Во текот на последните неколку недели светските медиуми пишуваат за корона вирусот, а бројот на заболени од смртоносниот вирус постојано расте. Препораките на СЗО се да се избегнува престој на места каде се собрани поголеми групи луѓе како аеродроми, но за оние кои патуваат тоа е неизводливо.

Затоа треба да бидете внимателни и да се придружувате на овие едноставни совети како превенција од вируси, пишува Inside Edition.

Бидејќи се работи за нов вирус за кој сè уште не е потврдено како се добива, лечи и пренесува, неопходно е да бидете внимателни, особено ако во последните две недели сте патувале со авион или сте биле во близина на ризични места како Кина, Тајланд, Тајван, Јапонија или Јужна Кореја.

Докторите препорачуваат позасилена хигиена, значи почесто миење на рацете, не пократко од 20 секунди. Најдобро е да се користат средства за дезинфекција.

Иако официјално уште не е потврден изворот на кинескиот корона вирус, се советува да се избегнуваат сите потенцијални извори. Се смета дека вирусот прво е пренесен од животни на човек, затоа избегнувајте контакти со животни во ризичните земји.

https://kajgana.com/

Како и кај другите вируси, како заштита се предлага избегнување на луѓе кои кашлаат и киваат, а доколку и вие кивате и кашлате, заштитете ги другите така што ќе ставите марамче преку устата и веднаш фрлете го, па потоа дезинфицирајте ги рацете.

Кина е земја со најмногу заразени и во неколку градови е прогласен карантин, но моментално е една од најпосакуваните туристички дестинации поради Лунарната нова година.

Во текот на лет со авион добро е да се заштитите себеси и другите, со употреба на маски. Не заборавајте да ги измиете и рацете. При опасност од зараза со смртоносен вирус внимание треба да се посвети на дезинфекција на седиштата, масичките, сигурносниот појас и сè што ќе допрете во текот на летот.

За да избегнете евентуален контакт со заразена личност, треба да бирате седиште до прозорецот и така ќе имате контакт со помал број луѓе отколку кога би седеле на друго место, кога би дошле во контакт со голем број патници.

Во текот на летот треба да ја држите вентилацијата над седиштата вклучена цело време, за да биде спречено задржувањето на вируси околу вас.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here