Како да престанете да бидете завидливи и да почнете да се фокусирате на себе?

0
102


Сигурно ви се има случено да почувствувате завист кога гледате дека некој друг има нешто што вие очајно го посакувате. Во моментот кога ќе видите дека други го добиваат она што вие го сакате, ве обзема незадоволство и низ главата ви се вртат еден куп прашања.

Зависта е една од најнездравите емоции што ги чувствуваат луѓето. Па, наместо со часови да размислувате за туѓите успеси, преземете ги овие три едноставни чекори што ќе ви помогнат да престанете да бидете завидливи.


1. Испитајте од каде потекнува причината за зависта што ја чувствувате

Дали ѝ завидувате на вашата најдобра пријателка затоа што се омажи со својата сродна душа? Дали чувствувате огорченост кон колегата бидејќи го добил покачувањето што сметате дека вие го заслуживте? Или им завидувате на странците што уживаат во своето кафе додека вие брзате на работа?

Најчесто им завидуваме на другите луѓе затоа што не ги задоволуваме нашите најдлабоки потреби. Не мора да чувствувате презир кон вашите соработници или најблиски, но сигурно се чувствувате гневно затоа што сè уште не сте ги постигнале сопствените животни цели.

Кога ќе одвоите време да ги анализирате вашите чувства, ќе откриете од каде потекнува причината за вашата завист.

2. Дефинирајте ги вашите желби

Откако ќе откриете од каде потекнува причина за вашите завидливи чувства, почнете да истражувате какви промени можете да направите за да ги постигнете своите цели.

Кои аспекти од вашиот личен и професионален живот сметате дека се оскудни? Кои соништа, желби, аспирации и цели ги оставивте зад себе?

Дефинирајте ги вашите желби и запишете ги за да можете да размислувате проактивно за нив. Време е да ги земете конците во свои раце и да направите некои значајни промени.

3. Учете од другите

Верувале или не, зависта може да ви даде можност да учите од самите луѓе што ви го предизвикале тоа чувство. Разговарајте со луѓето на коишто им завидувате и научете како тие ги постигнале своите успеси.

Откријте што направиле вашите успешни пријатели или членови на семејството за судбината да ги сврти работи во нивна корист.

Кога ќе чуете некои конструктивни идеи, запишете ги за да можете да ги примените во вашиот сопствен живот. Можеби нема да ги искористите сите совети, но со мало приспособување на вашата ситуација, во вашиот живот наскоро може да се случи позитивен пресврт.

Иако понекогаш луѓето дозволуваат да бидат обземени од негативни чувства, не треба да губите надеж. Ако се борите со зависта, не значи дека сте лоша личност. Само треба да ги пренасочите мислите и да ѝ пристапите на ситуацијата од друг агол.

Прочитајте како да ја претворите зависта во мотивација.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here