Како да преговарате како милијардер?

0
46


Авторот на YouTube каналот Charisma on Command често користи омилени ликови од популарни ТВ-серии и филмови за да ги објасни неговите совети за животот.

На темата како најдобро да преговарате за да бидете успешни во бизнисот, врските и животот воопшто, како корисен пример го зема ликот на милијардерот Боби Акселрод од серијата „Billions“.

Тактиките за преговарање се објаснети низ примери од серијата, но и да не сте ја гледале, ќе ви биде јасно за што станува збор.

Научете како да преговарате како вистински професионалец, а голема е веројатноста дека ќе се заинтригирате од серијата и ќе почнете да ја гледате.

Не мора да ги користите овие тактики (некои не се препорачуваат), но ќе знаете кога некој ги користи на вас и како да се извлечете од ситуација што не е поволна за вас.

Тактиките на Боби се: знае точно што им треба на луѓето пред да почне со преговарање, го применува говорот на тело за да манипулира со емоциите на другите луѓе (не се препорачува да го правите ова во вистинскиот живот), дава понуда „темпирана бомба“ за да создаде паника кај другата личност (исто така не се препорачува да го правите ова во вистинскиот живот) и секогаш е подготвен да си замине заедно со понудата.

За повеќе детали, погледнете го видеото:





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here