Како да направите чоколадни кекси?

0
115


Погледнете го овој рецепт како да направите фантастично меки и вкусни чоколадни кекси што ќе го воодушеват целото семејство.

Потребни состојки:

  • 100 грама маргарин
  • 100 грама шеќер
  • 1 јајце
  • 1 ванилин шеќер
  • 180 грама брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 грама ситни коцки чоколадо
  • 100 грама суво грозје
  • 50 милилитри млеко

Начин на подготовка:

Во поголем сад ставете го брашното, прашокот за печиво, стопениот маргарин, јајцето, ванилиниот шеќер, коцките чоколадо и сувото грозје.


Измешајте добро и додајте го млекото додека ја мешате смесата. Откако добро ќе измешате, ставете по една лажица од смесата во хартиени калапи, а потоа наредете ги во сад за печење.

Печете на температура од 200 °C околу 30 мин. Одозгора можете да додадете и шеќер во прав.

Погледнете го и овој рецепт за кремаст колач со нутела и кекс.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here