Како да направите полнети круши?

0
113


Погледнете го овој рецепт како да направите полнети круши кои ќе им се допаднат на сите оние кои го сакаат слаткиот вкус на мед и овошје.

Потребни состојки:

  • 2 зрели круши
  • 2 и пол лажици мед
  • половина лажичка цимет
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • 120 милилитри јогурт
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици сечкани ореви

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 °C. Исечете ги крушите на половина и извадете ја средината. Во садот за печење ставете хартија за печење, ставете ги крушите, премачкајте ги со мед и посипете ги со цимет и со морско оревче. Можете да додадете и суво овошје, по желба. Печете ги крушите 30 минути и извадете ги да се изладат.


Додека се ладат, направете смеса од јогурт, ванилин шеќер и ореви и пополнете ги крушите.

Погледнете како да направите и домашен леб од тиква.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here