Како да направите меки јапонски палачинки?

0
145


Ако обожавате палачинки, но традиционалните веќе ви се здодевни и би сакале да пробате нешто ново и поразлично, тогаш погледнете го овој рецепт.

Јапонските палачинки наликуваат на американските, но се двојно подебели, а тестото е многу помеко.


Потребни состојки:

  • 2 големи јајца
  • 20 милилитри млеко
  • 40 грама брашно
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 3/4 лажичка прашок за печиво
  • 30 грама шеќер

Начин на подготовка:

Одделете ги жолчките од белките и измешајте ги со екстрактот од ванила, со брашното и со прашокот за печиво. Во друг сад изматете ги белките и шеќерот и додајте ја смесата во таа со жолчките. На крајот додајте го млекото и измешајте сè.

Оставете ја смесата да стои околу 15 минути.

На средна топлина, загрејте малку масло на голема тава. Истурете околу една четвртина од тестото во тавата, покријте го и почекајте околу пет минути додека не почнат да се формираат меурчиња. Тогаш палачинките се подготвени да ги превртите.

Традиционално, овие палачинки во Јапонија се служат со путер, но вие можете да ги сервирате со додатоци по ваш вкус.

Ако обожавате кафе, погледнете како да ги направите и овие пралини со вкус на кафе.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here