Како да го одржите ниското ниво на холестерол?

0
117


Кога станува збор за овој проблем, најважна е превенцијата. Симптомите на високо ниво на холестерол во крвта стануваат јасни откако ќе се појават проблеми со срцето: собирање на масни наслаги во артериите, губење на здив, болки во градите или ангина.

Тогаш е малку потешко да се реагира веднаш. Затоа, превенцијата е најважна, пишува Guardian.

За повеќето луѓе, првиот чекор за превенција значи дека треба да го намалат внесот на заситени масни и во исхраната да внесат повеќе јаткасти плодови и житарки.

Храната богата со влакна, како и зеленчукот се одлични за регулирање на нивото на холестерол.

https://kajgana.com/

Секако, физичката активност е исто така на овој список.

Се препорачува да тренирате барем до 2 и пол часа неделно. Доколку на дневно ниво чекорите по 10.000 чекори, тоа е добро, но доколку не се заморувате од пешачењето, потребно е да имате понапорен тренинг.

https://kajgana.com/

Доколку не се намали нивото на холестерол по три месеци откако ќе направите промени во исхраната и ќе вежбате, можеби проблемот е oд генетска природа. 

Поради тоа е важно да знаете сè за историјата на болести во вашето семејство. Некои луѓе можеби имаат нормален холестерол и крвен притисок, но во семејството имаат хронично болни кои се под посебна терапија.

Секој би требало да посети лекар барем еднаш годишно и да го провери нивото на холестерол и крвниот притисок.

Многу работи можат да се сменат во рок од 12 месеци. Регуларните тестови ќе покажат дали имате покачен холестерол, но најдобро е на време да внимавате на вашето здравје за да не дојде до несакани последици.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here