Како да ги измерите состојките без вага?

0
122


Колку пати сте биле во ситуација да не можете точно да ги измерите потребните состојки. Сепак, постои начин. Погледнете како можете да измерите брашно, шеќер, гриз и други состојки со помош на лажица или на шолја.

Кристален шеќер:

  • Рамна лажица – 12 грама
  • Полна лажица – 25 грама
  • Рамна лажичка – 4 грама
  • Полна лажичка – 8 грама

Шеќер во прав:

  • Рамна лажица – 15 грама
  • Полна лажица – 30 грама
  • Рамна лажичка – 5 грама
  • Полна лажичка – 10 грама

Брашно:

  • Рамна лажица – 12 грама
  • Полна лажица – 20 грама
  • Рамна лажичка – 3 грама
  • Полна лажичка – 7 грама

Гриз

  • Рамна лажица – 10 грама
  • Полна лажица – 22 грама
  • Рамна лажичка – 3 грама
  • Полна лажичка – 7 грама

Ориз

  • Рамна лажица – 15 грама
  • Полна лажица – 30 грама
  • Рамна лажичка – 3 грама
  • Полна лажичка – 5 грама

Млеко или вода

  • Лажица – 15 милилитри
  • Голема чаша – 100 милилитри
  • Шолја – 250 милилитри
  • Мала шолја – 50 милилитри

Зачини

  • Лажичка густин – 2 грама
  • Лажичка прашок за печиво или желатин во прав – 3 грама
  • Лажичка сол, лажичка млеко во прав или коцка шеќер – 5 грама
  • Лажичка мелено кафе – 6 грама

Зеленчук

  • Домат со средна големина – 100 грама
  • Морков со средна големина – 100 грама
  • Компир со средна големина – 90 грама
  • Кромид со средна големина – 90 грама

Погледнете уште неколку кујнски трикови за супер-домаќинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here