Како Виетнам победи во борбата против коронавирусот, без жртви?

0
44


И покрај тоа што има долга граница со Кина и популација од 97 милиони луѓе, во Виетнам се потврдени околу 300 случаи на коронавирусот. Во оваа земја не е забележан ниту еден смртен исход, пренесе BBC.

Помина еден месец од последната трансмисија на вирусот, па властите донесоа одлука за отворање на земјата. Експертите велат дека Виетнам реагирале на време и така избегнале катастрофа.

Во Виетнам беа воведени строги мерки уште на почетокот на јануари, иако немаа ниту еден потврден случај на COVID-19. Виетнамските власти преземаа драстична акција против мистериозниот вирус од тој момент кога починаа двајца луѓе во Вухан.

„Виетнам реагираше многу брзо на екстремен начин, но мерките се разумни“, вели професорот Гај Твејтс, директор на единицата за клинички истражувања на Оксфорд во Хо Ши Мин.

Така, беа воведени забрани за патување, строг надзор на состојбата и беше затворена границата со Кина. Училиштата веднаш беа затворени, а дури кон средината на мај ги отворија. Твејтс објаснува дека Виетнам е земја која има големо искуство со заразни болести, уште од појавата на SARS во 2003 година до птичјиот грип во 2010 година, како и со епидемијата на мали сипаници и денга грозницата. Поради лошото искуство со зарази тамошните власти најверојатно подобро се носат со епидемиите отколку богатите земји, смета Твејтс.

Една од мерките кои веднаш ги воведоа е секој кој влегува во земјата да биде испратен во 14-дневен карантин, како и секој кој имал контакт со заразен. Воведени се и масовни тестирања на сите кои завршија во карантин. Околу 40% од нив биле заразени со коронавирус, а тоа не би се знаело без тестирањето. Луѓето немале никакви симптоми.

Властите брзо реагираа на појава на жариште, така Сон Лои со повеќе од 10.000 жители беше отсечено од остатокот од земјата. Слично се случи и со населбата Ха Лои со 11.000 жители. Никој не смееше да влезе ниту да излезе сè додека најмалку две недели немаше ниту еден потврден случај.

Властите добро комуницирале со народот во време на кризата, на сите жители редовно им биле испраќани пораки со најнови информации за воведените мерки и совети како да се заштитат, сите биле сплотени како да се борат заедно против еден заеднички непријател.

Економијата сега закрепнува, а општеството се враќа во нормала. Во овој случај, рестриктивните мерки на превенција се покажаа како најдобар начин за отстранување на проблемот во корен, пишува BBC.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here