Каков би бил животот на Земјата ако ја нема Месечината?

0
196
loading...

Месечината е природен сателит на Земјата и нејзино најблиско небесно тело. Стара е околу 4,5 милијарди години, приближно колку и нашата планета. До денес нема логично објаснување како настанала. Постојат само неколку теории.

Една од најпознатите е дека небесно тело големо колку планетата Марс се судрило со Земјата. Од остатоците од таа планета се формирала Месечината и почнала да кружи околу Земјината оска.
Ако тоа никогаш не се случело, животот на Земјата би бил поразличен. Месечината не е само украс на небото, и да ја нема, последиците би биле големи.

Доколку нема Месечина, денот би траел од шест до осум часа. За 24 часа Земјата се врти околу својата оска со брзина од 1.674 км на час, а ако не постоеше Месечината, ќе се вртеше со поголема брзина.

Месечината е заслужна за годишините времиња, доколку ја нема, може да дојде до нова ледена доба.

loading...

Иако не произведува сопствена енергија, сончевата светлина се рефлектира од нејзината површина, па затоа Месечината, по Сонцето, е најголемиот извор на светлина на небото. Се претпоставува дека би живееле во целосен мрак ако таа не постои.

Едно од најважните случувања во процесот на еволуција е излегувањето на животните од вода на копно. Водоземците се први животни што развиле способност да живеат на копно, но научниците сметаат дека овој вид би се појавил многу векови подоцна ако не била Месечевата светлина која им обезбедила сигурност во темните ноќи.

Приливот и одливот ќе беа намалени за 40% ако ја немаше Месечината.
Освен што ѝ е многу потребна на Земјата, никој не може да го замисли небото без неа и убавината што му ја дава.

loading...