И YouTube се вклучи во бојкотот кон Трамп

0
5


По Twitter и Facebook, сега профилот на Доналд Трамп е блокиран и на YouTube.

YouTube објави дека се избришани одредени видеа од каналот на американскиот претседател во заминување и воедно му е ставена блокада една недела да не може да прикачува нови и да стримува во живо. Како изговор за ваквата постапка YouTube наведе дека Трамп го прекршил правилото против поттикнување насилство.

Платформата за интернет видеа беше последната голема социјална мрежа кои ги пренесуваше пораките на Трамп откако тој се соочи со блокада од Twitter и Facebook. Воедно, YouTube најави дека е можно еднонеделната блокада да му ја продолжи доколку оцени дека има потреба за такво нешто.

Додатно на тоа, YouTube на неодредено време ја оневозможи опцијата за коментирање кај сите достапни видеа на Трамп.

Блокадата беше очекувана со оглед на тоа што неколку организации за човекови права ги повикаа компаниите кои се рекламираат на YouTube да престанат да го прават тоа со цел да извршат притисок кон видео мрежата да ги следи постапките на Twitter и Facebook во однос на Доналд Трамп.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here