И Северна и Медена: Што ќе памети Македонија од 2019?

0
143


Зад нас е исклучително бурна година во која имавме политички скандали, спортски шампиони и документарец што ја стави Македонија на светската филмска мапа.

2019 година во Македонија ќе биде запаметена по политички скандали, промена на името, формализирање на членството во НАТО и повторно недобивање датум за почеток на преговори со ЕУ. Земјата доби нов претседател, го изгуби СЈО и го доби случајот „Рекет“ во кој се изнудувани пари од познати македонски бизнисмени.

Годината започна со прогласување епидемија на мали сипаници во Скопје, гласање на уставните измени и промена на официјалното име на државата во Република Северна Македонија, откривање на вакцини со декларација со погрешен рок. Потоа во февруари беше објавено првото интервју на Никола Груевски по неговото бегство во Унгарија, во автобуска несреќа кај Ласкарци загинаа 13 луѓе, а триесетина беа повредени.

Неколку дена подоцна МВР соопшти дека е спречен терористички напад зад кој стоеле ИСИС.

http://kajgana.com/

На 8 март Стево Пендаровски пријави во полиција дека е следен од тајни служби. Истиот месец на 211 години затвор беа осудени 16 лица за „Крвавиот четврток“. На 2 април грчкиот премиер Алексис Ципрас беше во официјална посета на Македонија, прва на некој грчки премиер.

На 7 мај земјата ја посети и папата Франциско кој одржа литурија во Скопје. На 12 мај Стево Пендаровски официјално ја презеде функцијата Претседател на Македонија.

http://kajgana.com/

На 27 јуни унгарскиот суд ја одби екстрадицијата на избеганиот Никола Груевски. На 29 јуни се одржа првата геј парада во Скопје.

Во јули беа објавени разговори од руски пранкери кои лажно му се претставиле на премиерот Зоран Заев како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На 15 јули специјалната обвинителка Катица Јанева поднесе оставка од функцијата претседател на СЈО, а истиот ден на граничен премин беше задржан Бојан Јовановски познат како Боки 13. Следниот ден Јовановски заедно со Зоран Милески – Кичеец доби 30-дневен притвор како осомничени за изнудување пари. Така започна случајот „Рекет“. ОЈО отвори истрага која покажа дека во два наврати Боки 13 и Кичеец примиле 1,5 милион евра од побарани 8 милиони евра од македонски бизнисмен против кој се водело истрага од страна на СЈО.

http://kajgana.com/

На 13 август премиерот Зоран Заев изјави дека нема да дозволи „еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат Владата, спротивставувајќи се на обвинувањата дека тој и луѓе од власта се вмешани во случајот „Рекет“. На 21 август беше уапсена Катица Јанева поради „Рекет“, таа претходно тврдеше дека не е вмешана во случајот. Во објавените снимки на La Verita се слуша гласот на Јанева.

Во септември Зоран Милески е пуштен во домашен притвор, додека на 1 октомври беше продолжен притворот за Катица Јанева. На 9 октомври е проширена истрагата за „Рекет“ и во неа е вклучена Фросина Ременски, заедно со уште четири лица. На 18 октомври Македонија не доби датум за започнување на преговори со ЕУ, а Зоран Заев се обрати до јавноста.

На 4 ноември судот одлучи Зоран Верушевски да добие отштета од 42.000 евра за временскиот период од 344 дена минати во притвор за случајот „Пуч“. На 19 ноември Катица Јанева беше пуштена во домашен притвор.

На 3 декември Скопје се најде меѓу петте најзагадени градови во светот. На 4 декември Зоран Милески – Кичеец беше осуден на 3 години затвор за случајот Рекет. На 6 декември сведочеше Орце Камчев, бизнисменот од кој Боки 13 и Кичеец зеле пари.

На 19 декември беше приведена и притворена познатата македонска актерка Силвија Стојановска, под сомнение дека била дел од мрежа за шверц со кокаин.

На 27 декември СДСМ објави дека Оливер Спасовски ќе биде преоден технички премиер и го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ армискиот полковник Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи. Заев потврди дека нема одлагање на изборите, односно дека на 3 јануари дава оставка.

На 30 декември македонската Влада најави дека ќе го достави Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на усвојување во Собранието, со што се отвора патот за  предвремено ратификување на Протоколот за членство во НАТО.

Медена година

На поведрата страна на животот, документарецот „Медена земја“ (Honeyland) годинава ги постигна најголемите успеси за еден македонски филм, по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

http://kajgana.com/

„Медена земја“ е вброен во потесниот круг за номинации за Оскар во две категории: за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм. Членовите на Академијата до 7 јануари ќе гласаат за своите фаворити, а на 13 јануари ќе биде познато кои се петте официјални номинирани во секоја од категориите.

Во категоријата Најдобар документарен филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во потесниот избор за номинација од 159 документарци, додека во категоријата Најдобар странски филм (претходно позната како Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје) каде имаше 91 филм, се најде во потесниот избор од 10.

Ако добие номинација за Оскар во двете категории, „Медена земја“ (Honeyland) ќе биде прв македонски филм што успеал во тоа. Во 1994 година за првпат македонски филм доби номинација за Оскар  – „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

На музички план, Тамара Тодевска со песната „Proud“ го постигна најголемиот успех на нашата земја во досегашните учества на Изборот за песна на Евровизија – со кумулативни 305 поени го освои седмото место. Според гласовите на жиријата песната „Proud“ е на прво место со освоени 247 поени.

http://kajgana.com/

Шампионски расположени

Ракометарите на Вардар по втор пат триумфираа во Лигата на шампиони. Прво, по полуфиналето од фајнл фор турнирот ја елиминираа силната Барселона со 29:27, а потоа во големото финале го совладаа Веспрем со 27:24.

http://kajgana.com/

Машката одбојкарска репрезентација испиша историја за првпат настапувајќи на едно големо натпреварување. Ги победија Белорусија и домаќинот Словенија и за малку не ја минаа групната фаза, но со борбеноста ги освоија срцата на одбојкарска европа.

http://kajgana.com/

Фудбалската репрезентација за првпат едни квалификации, било за европско било за светско, ги заврши над тоа вечно 4-то место. Македонците завршија 3-ти, зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Латвија. Блиску беа до директен пласман на ЕУРО 2020, но сѐ уште се во игра бидејќи во март ќе играат бараж.

http://kajgana.com/

Концертна и разиграна

Оваа година, во Македонија концерти одржаа многу познати светски изведувачи. Одиме со ред. Младиот кантавтор Том Одел на 13 февруари 2019 година одржа концерт во МКЦ, во рамките на неговата светска промотивна турнеја за вториот албум насловен „Jubilee Road“.  Скопје покажа дека е одличен познавач на светските трендови, па имаше масовна посетеност на неговиот концерт.

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, Лени Кравиц го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Тој пристигна два дена порано во нашето Скопје, при што ја посети Старата скопска чаршија и се запозна со нашата култура и се фотографираше со секој од неговите фанови. Публиката ја исполни салата „Борис Трајковски“ до последното место и уживаше во несекојдневен музички спектакл од светлосни ефекти и необична сцена. Овој концерт беше за паметење.

Светски познатата музичка ѕвезда Стинг на 2 јуни го одржа вториот концерт во Скопје, на градскиот стадион „Тодор Проески“. Непосредно пред концертот чиј почеток беше поместен поради финалето во ЛШ во Келн каде играше и победи македонскиот ракометен клуб Варадар, Стинг доби дрес од шампионскиот клуб.

http://kajgana.com/

По низата успешни концерти на светски познати ѕвезди, Авалон Продукција на 13 ноември ја донесе и канадската музичка легенда Брајан Адамс во Скопје. Обожавателите уживаа слушајќи ги неговите големи хитови како што се „Everything I do“, „Please Forgive me“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here