И за вакво промашување потребен е талент

0
113


Неверојатно двојно промашување ни доаѓа од општинска лига во Италија каде на празен гол играч прво погоди пречка, а потоа со глава го префрли голот.

Општинската лига на Лукана е група која спаѓа во италијанската шеста лига. Домашниот тим на Маратеа ги пречека гостите од Виртус Латронико во натпревар кој изобилуваше со голови и заврши со победа на домаќините од 6:4.

Но, една гостинска шанса го обиколи светот. Неверојатното двојно промашување на играчот Ебрима Нжие. По две аматерски грешки на домашните дефанзивци во 22-рата минута, Нжие успеа да го блокира расчистувањето на голманот и се најде со топката пред празниот гол на Маратеа.

Прво проба со нога да ја турне топката в гол, но лошо ја зафати и таа заврши во пречката. Ништо страшно, сам беше пред гол и топката му се врати. Овој пат проба со глава, но сега ниту пречката не ја погоди, ја префрли и шансата отиде во неповрат.

Потоа легна на земја од неверување, а соиграчите мораа да го тешат.

Шансата се наоѓа на 1:27 на видеото кое всушност содржи хајлајтс од овој очигледно возбудлив натпревар.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here