Истражување открива што навистина им е најпривлечно на жените кај мажите

0
113


Според ова истражување, жените едногласно се согласиле за најдобриот физички изглед на мажите! И тоа што било откриено воопшто не било очекувано…

Прашањето што сакаат жените кај мажите е секогаш актуелно, а научниците непрестајно се обидуваат да го откријат. Едно од истражувањата на оваа тема открило навистина интересни и неочекувани резултати – изгледа дека жените сакаат мажи што имаат подолги нозе од просекот.


Во онлајн истражувањето, жените го оценувале изгледот на мажите (само нивното тело, без лицето), а оценките покажале дека најпосакуваните мажи се оние со нозе малку подолги од просекот, но не предолги.

Друго нешто што ова истражување открило било и тоа дека жените сакале кога односот помеѓу горниот и долниот дел на мажите е сразмерен.

Овие необични резултати можат да се објаснат со еволуцијата и според научниците, должината на нозете во минатото била фактор што го откривала здравјето, исхраната и силата на мажите. Од друга страна пак, подолгите нозе „додаваат“ на висината на мажите, што е уште еден плус кога станува збор за атрактивноста.

Прочитајте и со кои мажи жените најчесто завршуваат во кревет.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here