Истражување: Колку сме постари толку потешко наоѓаме причина за среќа

0
107


Истражување спроведено во Велика Британија покажува дека колку сме постари толку потешко наоѓаме причина за среќа.

Според резултатите на истражување во кое учествувале 2.000 Британци, луѓето се најмалку среќни во 45 година од животот, а интересно е што само четворица од десет испитаници одговориле дека имаат на што да се радуваат во нивното секојдневие.

Еднаков број од нив вели дека забавата завршува во исто време кога зачекориле во светот на возрасните. Најжалниот податок е тоа што десет проценти од испитаниците признале дека во текот на цела недела ниту еден од нив не прави нешто што го радува. Немаат пари за тоа, немаат енергија или едноставно не знаат да се забавуваат.

„Возрасните луѓе лесно тонат во секојдневната животна рутина и забораваат да издвојат време за забава“, вели психоаналитичарот Стив Мекјуен.

Според него, многумина не знаат како повторно да почнат да се забавуваат, а одговорот е многу едноставен.

http://kajgana.com/

„Минувајте повеќе време со најмилите. Освен психолошката придобивка, вклучувајќи го и намалениот стрес и зголемената среќа, минувањето време со семејството е одличен начин чувството на детска забава да се врати во вашиот живот“, предлага тој.

Околу 83 проценти од испитаниците се сложиле дека многу повеќе се забавуваат во друштво на дечиња отколку со возрасни.

„Поради нивната фантазија и способност да не се грижат за тоа што другите мислат за нив, децата полесно се препуштаат на забавната страна на животот“, вели Мекјуен.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here