Исланд ја совлада Португалија и им ја олесни работата на Норвешка и Словенија во борбата за полуфинале

0
110


Ракометарите на Исланд ја совладаа Португалија во второто коло од втората групна фаза со 28:25.

Исланд одлично го отвори мечот и по девет минути водеше со 4:0.

Исланѓаните во средината на првиот дел од средбата два пати имаа максимална предност од шест гола (7:1; 8:2), а Португалија до полувреме успеа да ја намали на два (14:12).

На почетокот на второто полувреме Португалците успеаја и да поведат со 17:16, но тоа им беше најголемиот успех. Исланд повторно стигна до водство кое го задржа до крајот и заслужено славеше.

Од оваа победа најмногу „профитираа“ Норвешка и Словенија кои сега се во одлична позиција за пласман во полуфинале, а за тоа ќе им требаат најмалку две победи на преостанатите четири меча.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here