Исламска држава: Ќе им се одмаздиме на САД

0
107


Терористичката организација Исламска држава потврди дека нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади е убиен во североисточниот дел на Сирија во акција на американската војска.

Сега најави дека тоа нема да помине неказнето.

ИСИС досега не се огласуваше во врска со судбината на Ал Багдади, но сега потврди дека тој е мртов и дека негов наследник е Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураши.

Во аудиоснимка во која ја потврдува смртта на поранешниот лидер, портпаролот на ИД вели дека смртта на Ал Багдади ќе биде одмаздена и ги повикува сите слушатеи да се придружат на организацијата во напад на САД.

„Одмаздете им се на САД и нивната нација, нивните браќа неверници и отпадници, спроведете ја волјата на командантот и преку крвта на многубошците приближете се до Бога“, вели, меѓу другото, портпаролот на ИСИС во снимката.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here