Иран ќе одговори на секоја грешка на САД во Персискиот Залив, порача Револуционерната гарда

0
71


Иран одлучно ќе одговори на секоја грешка што во Перискиот Залив ќе ја направи САД, објави денеска морнарицата на иранската Револуционерна гарда.

Британските медиуми потсетуваат дека американската армија во средата информира дека 11 бродови на морнарицата на Револуционерната гарда во една ситуација во Заливот опасно се доближиле до американските морнарички бродови и крајбрежна стража, нарекувајќи го  потегот „опасен и провокативен“.

„Ние ги советуваме Американците да се придржуваат до меѓународните регулативи и поморските протоколи во Персискиот и Оманскиот Залив и да се воздржат од какви било авантури и невистинити и лажни приказни“, се наведува во соопштението на Револуционерната гарда.

САД треба да бидат убедени дека морнарицата на Револуционерната гарда и силните вооружени сили на Исламската Република Иран ги сметаат сите опасни активности на странците во регионот како „закана за националната безбедност и црвената линија“, и секоја погрешна пресметка од страна на американската страна би довела до „одлучувачки одговор“, се наведува во соопштението.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here