Иран, Русија и Кина најавија воени вежби во Индискиот Oкеан

0
118


Иранските воени сили ќе одржат четиридневни поморски воени вежби со Русија и Кина во северниот дел на Индискиот Океан.

Вежбите ќе почнат во сабота и ќе бидат први во трилатералната вежба со која Техеран сака да ја зајакне својата воена соработка со Пекинг и Москва во пресрет на новите економски санкции од страна на Вашингтон. Посетите на Иран од страна на руски и кинески поморски претставници во последниве години значително се зголемени.

http://kajgana.com/

Потпаролот на иранската армија, генерал Аболфазл Шекарчи изјави дека заедничките вежби, кои имаат цел да промовираат безбедност во регионот, ќе се одржат сѐ до Оманскиот Залив. Вежбата е одговор на неодамнешните вежни на САД со нивниот сојузник во регионот, Саудиска Арабија, а на кои учествуваше и Кина.

http://kajgana.com/

Во Персискиот Залив во последно време е зајакнато присуството на американски бродови и војска поради нападите со дронови на саудиските нафтени постројки. Вашингтон го обвинува токму Техеран дека во септември ги нападнал постројките во Саудиска Арабија. Одговорноста тогаш ја преземаа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, но од Ријад изјавија дека „несомнено е дека нападите се дело на Иран“. Официјален Техеран негираше било каква поврзаност.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here