Иран по убиството на Сулејмани именуваше нов командант на елитната единица

0
95


Врховниот водач на Иран, Али Хамнеи го именуваше Исмаил Кајани за нов командант за елитната единица на единицата на Револуционерната гарда по смртта на генералот Касем Сулејмани во Багдад.

„По смртта на славниот генерал Сулејмани го именувам генералот Исмаил за нов заповедник на силите на единицата „Кудс“, се наведува во соопштението на неговиот официјален сајт, а пренесува Beta.

Касем Сулејмани беше убиен во петокот по наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Инаку Пентагон го обвинуваше Сулејмани дека планира да изврши напади врз американски дипломати и персонал во Ирак и во регионот, тврдејќи дека убиениот водач е одговорен за смртта на стотици Американци.

http://kajgana.com/

САД испраќаат засилување од илјадници војници на Блискиот Исток по тензиите во регионот поради убиството на Касим Сулејмани, објави CNN.

Повикувајќи се на официјално лице од Министерството за одбрана, телевизијата објави дека дополнителните трупи се дел од Силите за брза реакција на 82. воздушно-десантна дивизија. Силите се наоѓаат во целосна готовност и можат да бидат префрлени во регионот во секој момент, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Веднаш по протестите и нападот на Американската амбасада во Багдад, САД испратија 750 трупи од оваа воена единица. Засилувањето се состои од 3.000 дополнителни војници.

Нападот што се случи изутринава во близина на багдадскиот аеродром и убиството на иранскиот генерал Сулејмани за Пентагон е „решителен одбранбен чекор за заштита на воениот персонал на САД во странство“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here