Иран го потврди нападот на танкерот, можна е еколошка катастрофа

0
170


Техеран потврди дека ирански нафтен танкер бил нападнат во Црвеното Море од засега непознат напаѓач кој предизвикал излевање на нафта во морето.

Иранскиот Министер за надворешни работи Абас Мусави ги потврди информациите кои синоќа се раширија низ светот. 

„Танкерот е погоден од два проектила за време од половина час од источната страна на Црвеното Море“, изјави Мусави не прецизирајќи за каков тип на проектили станува збор.

„Оние што стојат зад нападот се одговорни за последиците од оваа опасна авантура, вклучувајќи го и опасното загадување на природата кое ќе настане поради истекувањето“, рече тој.

Инцидентот се случил на околу стотина километри од саудискиот пристаништен град Џеда. Танкерот бил драстично оштетен во двата главни резервоари предизвикувајќи неконтролирано истекување на нафта во морето.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here